Секоја голема компанија која создава и работи во одредена средина има обврска кон себе, но и кон општеството, да биде одговорна и да се грижи за своите вработени и потрошувачи, но и за животната средина, локалната заедница и секој еден нејзин член. Притоа, секоја компанија преку производството помалку или повеќе придонесува за загадувањето на воздухот, што е еден од најголемите актуелни проблеми во светот последните неколку години. Но, ако компанијата може да го следи и евидентира загадувањето кое го причинува, тогаш може и да го елиминира или во најмала рака – да го намали неговиот ефект.
Скоро 90% од луѓето во светот дишат загаден воздух, а истражувањата покажаа дека индустриското производство е најголем причинител на загадување во глобални рамки. Имено, дури 71% од емисијата на штетни гасови е предизвикана од работата на само 100 светски компании – факт кој ја истакнува сериозноста на овој проблем, но и ја покажува опасноста доколку не се реагира соодветно. Само во Македонија, преку 2.500 луѓе годишно умираат прерано поради здравствени проблеми предизвикани од воздушното загадување – бројот на заболени се мери во стотици илјади, а штетите за економијата во стотици милиони евра. Затоа, компаниите кои работат на територијата на Македонија треба да покажат поголема одговорност пред надлежните институции, граѓаните, но и пред себе – како би го решиле овој проблем.
Иновативниот уред PURECLOUD на македонската компанија Информ ДОО служи токму за таа намена: тој ги мери и зачувува податоците за квалитетот на воздухот на микролокација и утврдува од што потекнува загадувањето, со што помага да се регулира емисијата на штетни гасови. Податоците кои ги собира PURECLOUD се складираат на cloud, од каде потоа може да се искористат за понатамошни истражувања. Оваа идеја која до неодамна беше само оптимистички проект на група експерти и еко-борци, сега станува реалност! PURECLOUD е парче модерна технологија кое полека ќе станува неопходна алатка за секоја одговорна компанија и општина.
Загадениот воздух е приоритет на листата на проблеми кои чекаат решение кај повеќето земји во светот – од западните земји, па се’ до Источна Европа, Блискиот Исток и Кина. Осмислен и произведен во Македонија, но со светски потенцијал – PURECLOUD има мисија да го подобри животот на луѓето преку создавање алатка која го адресира и се обидува понуди решение за еден од најголемите актуелни проблеми – воздушното загадување.
PURECLOUD е примарно наменет за инспекторите за екологија, општините и регулаторните комисии кои се грижат за животната средина, но неговите функционалности може да ги користи и секоја компанија која ќе покаже одговорност и грижа за заедницата. Преку мерење и анализирање на податоците собрани од PURECLOUD, компаниите ќе добијат можност да дознаат дали загадуваат и од каде потекнува загадувањето, по што ќе можат соодветно да реагираат и да придонесат за заштита на локалната заедница.