Nokia, односно компанијата корисник на лиценцата на брендот – Streamview подготвува голем број Android телевизори, кои ветуваат 4K и HDR поддршка по ниска цена.

Линијата телевизори ја сочинуваат модели од 43-инчниот 4300A до 75-инчниот 7500A. Сите овие Nokia брендирани TV уреди имаат поддршка за 4K, HDR (користат HDR10) и далечински управувач за push-to-talk за Google Assistant. Се споменува и функционирањето во двојка со Nokia телефоните.

Телевизорите нема да опремени со некои понапредни технологии на освежување на екранот (максимум е 60Hz), а од стартот го користат Android 9. Ќе биде присутно micro dimming LED светло, четири HDMI излези и потенцијално одзиви кои не поминуваат 9.5ms. Моделот 3200А од 32 инчи, има 1080p екран, HDR поддршка и три HDMI излези за оние на кои им е потребен помал TV.

nokia2_56.jpg

Тука е и опцијата Android TV да се овозможи за речиси било кој телевизор. Streaming Box 8000 е нешто поинаков и претставува своевиден Android 10 media hub, со 4K репроукција на содржини, Google Assistant далечинскми управувач и кратенки за често користените сервиси (Amazon Prime Video, Google Play, Netflix и YouTube).

Засега нема информации за цените на новите Nokia Android TV уреди, но од компанијата стигнуваат информации дека дури и 4K TV моделите спаѓаат во буџетскиот сегмент. Се очекува дека Streaming Box 8000 ќе чини 99 евра, а ќе биде достапен само во Европа.