Од следната година овој електричен, автономен траект би требало да започне да ги превезува патниците по каналите на градот Трондхајм во Норвешка.
Норвешка е предводник кај автономните пловила кои превезуваат патници, а иако пловилата можат да се движат самостојно, сепак нив ги надгледува екипаж кој внимава на патниците.
Сепак, наскоро во норвешките води би можел да заплови и нов автономен траект кој има футуристички изглед. Од идната година овој електричен автономен траект би требало да започне да ги превезува првите патници низ каналите на Трондхајм.
Може да превезе 12 патници, а изборот на дестинацијата е максимално поедноставен. Патниците по влегувањето ја избираат станицата како во лифт – со едноставно кликање на копче.
Возењето низ каналите од пристаништето до центарот на градот кое инаку трае 15 минути, ќе биде скратено на една минута, а сето ова ќе биде бесплатно.
Извор: Zimo.hr