Минатиот месец, Android корисниците морале рачно да отстранат 16 заразени апликации. Овој месец во Google Play Store е откриена 21 апликација која содржи скриен малвер.
Како што известува ZDNet, заразените апликации ги открила компанијата Avast и сите го содржат малверот HiddenAds. Тројанската програма се користи за генерирање приходи со собирање на кориснички податоци за маркетинг и пренасочување на корисниците на огласување, кое генерира плаќања per-click, секој пат кога ќе се кликне на рекламата. Тоа е тешко да се воочи, бидејќи таквите огласи се кријат зад релевантни огласи, а малверот се претставува како легитимна „забавна“ апликација.
Заразените апликации се следните:
- Assassin Legend – 2020 NEW
- Cream Trip – NEW
- Crush Car
- Desert Against
- Find 5 Differences – 2020 NEW
- Find Hidden
- Find the Differences – Puzzle Game
- Flying Skateboard
- Helicopter Attack – NEW
- Helicopter Shoot
- Iron it
- Jump Jump
- Money Destroyer
- Plant Monster
- Props Rescue
- Rolling Scroll
- Rotate Shape
- Rugby Pass
- Shoot Them
- Shooting Run
- Sway Man