Хрватскиот Rimac покажа како го тестира својот хиперавтомобил C_Two
Хрватскиот производител електрични хиперавтомобили Rimac, објави видео од внатрешните краш тестови на својот електричен C_Two. За време на тестовите, два прототипа во вкупна вредност од 2,1 милиони долари се целосно уништени.
Покрај реалните тестови, инженерите спровеле и виртуелни, проверувајќи ја цврстината на монококот, кој е направен од карбон. Дури потоа се пристапува на реални тестови.
И двата прототипа се подложени на фронтален судир со деформирана пречка, со 40% покриеност, во првиот случај при брзина од 40 km/h, а во вториот при 56 km/h.
И во двата случаи и покрај сериозната деформација, предниот дел од телото го апсорбира ударот и штетата по патниците е минимална – сензорите на куклите не бележат сериозни оптоварувања.
Хиперавтомобилот на Rimac се придвижува со 4 електромотори – по еден на секое тркало. Вкупната моќност е 1.914 КС, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 1,97 секунди. Моторите се полнат од блок батерии со капацитет од 120 kWh, а автономијата со едно полнење е 650 km (циклус NEDC).
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли