Новата видео-платформа YurOn ги поврзува своите корисници на нов начин, користејќи т.н. поврзани видео разговори. Овој разговор функционира така што корисниците поставуваат прашања и одговараат на нив преку кратки видеа.
За само неколку месеци од неговото лансирање, YurOn привлече над 5.000 корисници, кои денес поминуваат повеќе време на таа социјална мрежа отколку на Twitter.
Досега се создадени над 5.000 видеа со повеќе од 100.000 прегледи – повеќе отколку што имаше YouTube во истата фаза од растот.
Комуникацијата работи така што ќе го барате прашањето на кое сакате да одговорите на YurOn и објавувате видео. Секој во заедницата YurOn може да одговори со создавање на поврзан видео разговор (thread). Корисникот има 30 секунди видео за да го започне разговорот.
Може да пребарувате теми што ве интересираат или само да пребарувате низ прашања и одговори. Нема специјални филтри или алгоритми управувани од валидација.
Платформата развива нови начини за креаторите на видеа да ги монетизираат своите „нишки“, како и можноста за поставување ексклузивна содржина што ќе се наплаќа.
Апликацијата YurOn е достапна за преземање од продавниците iOS и Android, а интересно е што YurOn им овозможува на корисниците да инвестираат во неа и да поседуваат дел од таа платформа за само 10 долари.
Извор: PC Press.rs