Русија планира да влезе во војна во Обединетите нации со Америка за ресурсите на Месечината, пренесуваат светските медиуми. Русија во ОН ќе го иницира прашањето за американските претензии за ресурсите на Месечината, соопштиле од прес-службата „Раскосмос“.
„Соодветните точки ќе бидат ставени на дневен ред на седницата на правниот пододбор на Комитетот на Обединетите нации за употреба на вселената“, прецезирала руската државна корпорација за „Спутник“.
Според информациите на интернет-страницата, наведениот одбор следната седница ќе ја одржи во април 2021 година. Изминатата пролет американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша указ со кој го осигурува правото на Американците за копање на вселенските ресурси и нареди за тоа да се разговара со другите земји во наредните шест месеци.
Од „Роскосмос“ ваквата иницијатива ја нарекоа агресивна и штетна за меѓународната соработка. Директорот на корпорацијата Дмитриј Рогозин, ги спореди овие планови со инвазијата на Ирак и Авганистан.
Спред член 11 од Договорот за активностите на државите на Месечината и другите небесни тела, кои ги одобри Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година, „Месечината не подложи на национално присвојување, не може да се прогласи ни суверенитет над неа ниту, пак, може да биде на некаков начин окупирана“.
Но, тогаш ни САД ни тогашниот СССР, денешна Русија, овој документ го немаше ратификувано. Освен тоа, во него ништо не се зборува за комерцијалните структури.