И покрај сите претходни пресметки, астероидот Апофис сепак би можел да удри во Земјата во 2068 година, откако неодамна ја промени патеката на движење. Последиците би биле апокалиптични.
Астероидот го доби името по египетскиот бог на хаосот, а овој потенцијален убиец на планети е набљудуван од експертски тим на Хаваи. Апофис дефинитивно ја промени патеката на движење во изминатите 16 години. Можно е за 48 години да наиде на патека која води директно кон Земјата.
„Земајќи го предвид ефектот Јарковски (кој опишува како се следи радијацијата од објектот и како може да се промени неговата патека), можноста за судир во 2068 година сè уште постои. Таа е мала, но сепак постои“, изјави Дејв Толен, истражувач од Институтот за астрономија на Универзитетот Хаваи.
Толен, заедно со Дејвид Фарночи од НАСА, ги претстави загрижувачките откритија, а Апофис моментално претставува трета најголема опасност по Земјата.
Според претходните процени, шансите Апофис да удри на Земјата на 12 април 2068 година изнесуваат 1:150.000, но Толен верува дека ризикот е помал и дека изнесува 1:530.000 според последните откритија.
Астероидот се состои од никел и железо, а неговиот пречник е 300 метри. Се движи со брзина од 21.060 км/ч.
Кога би ја погодил Земјата, би создал сила еднаква на 1.151 мегатони ТНТ, односно 1.501.000 килотони. Само за споредба, силата на експлозијата во Бејрут што се случи на 4 август изнесуваше 2,75 килотони. Бомбите фрлени над Хирошима и Нагасаки создадоа експлозија со сила од 15 и 20 килотони.
Извор: Klix.ba