Тим астрономи од Универзитетот во Канзас открија докази за атмосфера околу екстремно жешката егзопланета.
Егзопланетата „Жежок Нептун“ е џиновска планета со маса слична на Уран или Нептун, која орбитира толку блиску до својата ѕвезда, што нејзината површина е изложена на огромни количини на зрачење. Општо земено, овие типови на планети на крајот се многу потопли од Нептун. Но, има нешто необично во оваа конкретна планета наречена LTT 9779b, или „Жежок Нептун“, која се наоѓа на околу 260 светлосни години од нас.
Анализирајќи ги податоците на вселенските телескопи TESS и Spitzer на НАСА, научниците откриле дека планетата има атмосфера – и покрај високата температура.
„За првпат ја измеривме светлината што доаѓа од оваа планета и според ова таа не би требало да постои“, вели Јан Кросфилд, доцент по физика и астрономија на Универзитетот во Канзас и главен автор на трудот објавен во Astrophisical Journal Letters.
Discovered: Rare, hot Neptune planet that should not exist https://t.co/ciTL0EdVLq
— South African Magazine (@southafricanmag) October 27, 2020
„Оваа планета е толку интензивно озрачена со својата ѕвезда што нејзината температура е над 1.600 степени Целзиусови, а нејзината атмосфера би можела да испари целосно“, додаде тој.
„Сепак, нашите набудувања од Spitzer ни ја покажуваат нејзината атмосфера преку инфрацрвената светлина што ја емитува планетата.“
И покрај тоа што има атмосфера, LTT 9779b би била ужасно место за живеење.
„Оваа планета нема цврста површина и е многу потопла дури и од Меркур во нашиот Сончев Систем – не само што во атмосферата на оваа планета би се стопил и челик, туку и платина и нерѓосувачки челик“, рече Кросфилд.
„Годината на оваа планета трае помалку од 24 часа – толку брзо се движи околу нејзината ѕвезда. Тоа е прилично екстремен систем”, додаде тој.
Но, не е толку жешко како другите егзопланети од овој вид.
„Планетата сепак е многу постудена отколку што очекувавме, што укажува на тоа дека го рефлектира најголемиот дел од инцидентната светлина што ја погодува“, изјави коавторот Николас Ковен од Институтот за истражување на егзопланети (iREk) и Универзитетот Мекгил во Монтреал.
Ова откритие го натера тимот со нетрпение да ги очекува идните истражувања.
„Не би рекол дека сега разбираме сè за оваа планета, но измеривме доволно за да знаеме дека ова ќе биде навистина плоден објект за идни истражувања“, рече Кросфилд.
Извор: B92.net
Поврзани артикли