Претходно оваа година, LG го претстави Q51 смартфонот. Неколку извори веќе сугерираат дека компанијата наскоро ќе го претстави моделот LG Q52, и се чини дека се приближува премиерата на овој телефон. Сега има неколку фотографии кои го покажуваат телефонот во живо, заедно со спецификациите на уредот.
LG Q52 има punch-hole дисплеј, додека на задната страна има правоаголен систем со четири камери. Фотографиите од долната страна на телефонот покажуваат надворешен звучник, микрофон, USB-C приклучок и 3,5 mm приклучок.
Телефонот има 6,6-инчен LCD-екран, со HD+резолуција. Димензиите на уредот се 164 x 76,7 x 84,8 mm и тежи околу 188 грама. Сензорот за отпечатоци се наоѓа на страната на рамката, а има и поддршка за отклучување преку линиите на лицето.
LG Q52 работи со MediaTek Helio P35 чипсет, во комбинација со 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање на податови. Телефонот пристигнува со оперативниот систем Аndroid 10.
Кога станува збор за камерите, има сензор од 13MP однапред, додека од задната страна има главна камера од 48MP, камера со широк агол од 5MP, сензор за длабочина од 2MP макро и 2MP. Уредот се напојува од батерија од 4.000mAh.
Телефонот се очекува во варијанти на Silky Red и Silky White, а засега нема информации за цената и достапноста на моделот LG Q52.
Извор: Benchmark.rs
Поврзани артикли