Поддршка во борбата со рак на дојка – Сигурност во најпотребните животни моменти со Халк Осигурување
Секојдневно три од четири случаи се дијагностицираат со рак на дојка, повеќе од 250 жени заболуваат месечно, додека 90 од нив ја губат битката. Со овие статистики ракот на дојка претставува најчест облик на тумор кај жените. Периодот на КОВИД–пандемијата го отежна пристапот до медицинска услуга и до третман, а уште повеќе и до одложување на дијагностицирањето на заболувањата. Затоа,повеќе од кога и да било, потребни се, пред сè, самопрегледите, превенцијата и раното детектирање на состојбите.
Во вакви вонредни состојби најмногу размислуваме на она кое е за нас највредно: семејството, родителите, децата, здравјето. Од тие причини Халк Осигурување креираше Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) кое го адаптира во согласност со индивидуалните потреби на клиентите. Покрај обезбедувањето на најдобрите услови за своите клиенти, Халк Осигурување секогаш се труди да обезбеди квалитетна услуга и брза информација за своите осигуреници. Во овој случај, Ирена Младеновска Анастасовски, помошник–директор на дирекцијата за продажба и продажна мрежа на Халк Осигурување,разговараше со специјалист–радиологот д-р Билјана Божиновска, сè со цел да се поттикнат превентивните прегледи.
1. Зошто се важни превентивните и редовните прегледи на дојка кај жените и на колкав временски период треба да бидат?
Кај жените најчестапричина за смрт одмалигни неоплазми, според направени истражувања вопериодот 2010-2017 година, е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30 жени во 2010 годинадо 27 жени во 2017 година на 100 000 жени.
Се смета дека секоја четврта жена која ќе добие некаков типна малигном во телото, ќе го има токму малигномот надојка.
Воедно знаеме дека со рана детекција на ракот на дојка сезголемува и можноста за негово излекување. Ова е основнапричина за да се препорача преглед на дојките кај секојажена, започнувајќи од 18–годишна возраст, еднаш годишно, со ехо. Над 40–годишна возраст се препорачува секоја вторагодина и мамографија, додека кај ризичната група напациентки (стерилитет, хормонална терапија, пушење) секоја трета година и магнетна резонанца на дојки.
2. Дали е потребно жените, покрај редовни преглeди на доктор, да прават самопреглед и кој е начинот?
Да! Многу е важно секоја жена да прави самопреглед надојките и тоа од 7. до 10. ден, броејќи од првиот ден наменструалниото крварење.
Вовлечени брадавици, секрет, изглед на кожата како кора одпортокал се некои од знаците за кои треба да реагирате. Доколку палпирате некоја формација, без разлика наголемината и дали е болна или не, исто така треба да сејавите на доктор. Важно е да се напомене дека не ситепромени можат да се палпираат или да се видат и затоа е најсигурен прегледот од доктор.
3. Кој е соодветниот лекарски третман на луѓетозаболени од рак?
Планирањето на третманот кај лицата заболени од рак е секогаш резултат на добра соработка на соодветени доктори– онколог и хирург. Секој пациент е индивидуален, секојдоктор прави сè што е во негова моќ за да обезбедисоодветен третман на пациентот.
Вербата во самите себеси кај пациентите и вербата водокторот се најдобриот третман за луѓето заболени од рак.
4. Што покрива Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје поврзано со оваа болест?
Бројките на годишно ниво на заболени од рак на дојка фрапантно се зголемуваат од година во година и ова е навистина комплексна и чувствителна тема. Поддршката и сигурноста во верен партнер кој стои со вас во борбата е дополнителен поттик за Халк Осигурување да ја доработуваполисата на своето Доброволно приватно здравствено осигурување. Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје,меѓу другото, има покритие на целокупниот процес на лекување на ракот на дојка и тоа од моментот на детекција и дијагностицирање, односно на: сите потребни дијагностички постапки, второ мислење, хируршка интервенција, како и хемотерапија. Халк Осигурување АД Скопје соработува со голем број медицински установи, а сèсо цел да им обезбеди на своите осигуреници најдобра и најбрза услуга. Ваш е изборот каде ќе го извршите лекувањето и третманот.
5. Како компанија која се грижи за своите осигуреници, што друго овозможува вашиот продукт во врска со оваа болест?
За жал, бројките покажуваат дека сè почесто оваа болест се појавува, освен кај повозрасната женска популација, и кај помладата женска популација и реално сè повеќе влијае психолошки врз нив. За таа цел Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје во своето покритие има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување кое, на некој начин, би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат.
6. Соработката меѓу Халк Осигурување и Оне Хоспиталза корисниците на Доброволно приватно здраственоосигурување е секако некаков индикатор дека вродиласо плод и дека сте постигнале резултати. Колку стезадоволни од оваа соработка, но и од фидбекот најавноста?
Бидејќи во фокусот на двете компании е здравјето и грижата на корисниците и осигурениците, соработката меѓу ХалкОсигурување АД Скопје и Оне Хоспитал е одлична.Желбата да се спаси живот, да се помогне и брзо да се реагира се адут на двете компании, а за тоа зборуваат и многубројните позитивни пораки кои ги добиваме.
Нашата порака е:
Не одложувајте! Ако се појават здравствени проблеми, посетете го вашиот лекар што побрзо.
Повеќе за Доброволното приватното здравствено осигурување можете да прочитате на веб–страницата на Халк Осигурување www.halkinsurance.com.mk, на е-поштатасо адреса [email protected] или на телефонскиот број (02) 155 66 или +389 (0) 2 3122 385