Наскоро ќе дојде крајот на годината, па ќе дознаеме кои конзоли беа најпродавани во 2020. година. Воедно, тоа е и добра можност да се потсетиме на незаборавните конзоли кои не воодушевиле и ја одбележале ерата.
Нормално, станува збор за листата на најпродавани конзоли на сите времиња. Која е вашата најомилена?
Наследникот на легендарниот PlayStation се појави во 2000. година и го освои пазарот и покрај големата конкуренција, како што беа Sega Dreamcast, Nintendo GameCube и Microsoft Xbox. Меѓутоа, никој не можеше да парира на популарноста на овој „бестселер“ кој ги освои пазарите и го зазема тронот како најпродавана конзола на сите времиња.
Со повеќе од 3.800 игри продадени во 1,5 милијарди примероци, „двојката“ ја задржа популарноста дури и по излегувањето на „тројката“, а така стана и една од најдолговечните конзоли која се произведуваше 12 години.
2. Nintendo DS (154 милиони примероци)
Во времето кога се појави (2004. година) Nintendo DS беше вистинска револуција на пазарот на преносни конзоли – имаше два LCD екрани, вграден микрофон и поддршка за бежична конекција со чија помош можеше да се игра или комуницира со повеќе играчи. Покрај оргиналот, се појавија уште и DS Lite, DSi и DSi XL.
3. Game Boy/Game Boy Color (119 милиони примероци)
Иако претходно забележаа успех со својата Game & Watch серија, Game Boy беше огромен хит. Game Gear, Lynx и TurboExpress се обидоа да земат дел од колачот, па иако беа технолошки супериорни, Game Boy беше издржлив, помалку трошеше и она што е важно, имаа одлична селекција на видео-игри.
Остатокот на листата ја сочинуваат PlayStation 4 (106 милиони), PlayStation (103 милиони), Nintendo WII (102 милиони), PlayStation 3 (88 милиони), Xbox 360 (85 милиони), Game Boy Advance (82 милиони) и PlayStation Portable (80 милиони).
Извор: B92.net
Поврзани артикли