Летното сметање на времето годинава завршува на 25 октомври (недела) во 3 часот по полноќ, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 ќе се смета како 2 часот, информираат од Бирото за метрологија.
Од таму потсетуваат и дека одлуката за денот и моментот на воведувањето, и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 79 од 26 март.