По објавувањето на Mate 40 серијата, закажано за 22. октомври, следна во низата на телефони на Huawei ќе биде Nova 8 серијата. Според дојавувачите, Huawei планира да ја претстави Nova 8 линијата во ноември.
Дојавувачот не објави информации за спецификациите на претстојните телефони, но претходните извештаи сугерираат дека Nova 8 линијата може да се состои од најмалку три уреди, како што се Nova 8 SE, Nova 8 и Nova 8 Pro.
Според гласините, новиот 8 SE ќе биде најевтиниот модел во линијата. Се очекува да користи Dimensity 800 чипсет, со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Цената се очекува да биде околу 420 америкаски долари.
Стандардниот Huawei Nova 8 модел може да има Dimensity 820 чипсет, OLED панел со стапка на освежување од 90Hz. Цената на овој модел може да изнесува околу 490 долари.
Најмоќниот модел во линијата може да биде Nova 8 Pro. Телефонот претходно беше забележан со OLED панел закривен по рабовите и punch-hole отвор. Екранот може да поддржува освежување од 120Hz и ќе работи на Dimensity 1000+ чипсет. Очекуваната цена е околу 595 американски долари.