Компанијата HTC го претстави својот најнов телефон, докажувајќи им на сите дека се уште е присутен на пазарот на смартфони. HTC Desire 20+ е модел од средниот сегмент, што го покренува Snapdragon 720G чипсет, има четири камери на задната страна, HD+ дисплеј и 5000mAh батерија.
LCD екранот од 6,5 инчи има засек за 16MP селфи камера и резолуција од 720 x 1600 пиксели. На задната страна е видлив тестурен дизајн, а тука е сместен и сензорот за отпечатоци од прсти.
Кога се во прашаање камерите, главната камера на задната страна има 48MP сензор, тука е 5MP ултраширок сензор, како и два дополнителни сензора – 5MP длабочински и 2MP макро.
Desire 20+ пристигнува со 6GB RAM и 128GB простор за складирање податоци, проширлив преку microSD слот. Присутна е батерија од 5000mAh, додека за софтверска поддршка е задолжен Android 10.
HTC Desire 20+ дебитираше во Тајван, каде по цена од околу 295 долари се продава во црна и виолетова боја. Засега нема информации за евентуална објава на телефонот на останатите пазари.
Поврзани артикли