Луѓето со крвна група 0 имаат блага предност во однос на останатите пациенти, кога станува збор за новиот коронавирус, покажало данското истражување. За нив ризикот од зараза од вирусот е помал отколку кај луѓето со другите крвни групи.
Најновото научно истражување покажало дека крвната група има улога во отпорноста на човекот од новиот коронавирус. Данските научници откриле дека луѓето со крвна група 0 имаат поголема отпорност на SARS-CoV-2, а тоа би можело да има одредена улога кога на ред ќе дојде распоредувањето на вакцината против Ковид-19.
Истражувањето го спровеле дански научници од Универзитетот Архус во јужна Данска,а биле користени податоци од 470.000 Данци тестирани на новиот коронавирус.
Откриено било дека луѓето со крвна група 0 потешко се заразуваат од Ковид, за разлика од луѓето со крвна група А, Б и АБ. Поточно, шансите за зараза се 13 отсто помали во споредба со останатите.
„Тоа е возбудлив резултат кој што покажува дека нешто се случува помеѓу вирусот и нашите крвни групи. Треба тоа повеќе да се истражи“ – изјавил д-р Ларс од тамошната универзитетска болница.
Причината за отпорноста на луѓето со 0 крвна група од коронавирусот засега е непозната, па научниците планираат да направат понатамошни истражувања за да го откријат тоа. Тоа откритие би можело многу да допринесе во борбата со Ковид-19.
„Не знаеме да објасниме, но од примерите на другите заразни болести знаеме дека можеби постои поврзаност помеѓу крвната група и заразата“ – изјавил данскиотпрофесор Торбен Барингтон.
Според неговите зборови, ова откритие би можело да одреди кој прв треба да ја добие вакцината против Ковид-19, кога истата ќе се произведе.
Извор: Zimo.hr