Веќе имавме прилика да ги видиме спецификациите на RealmeX7 Pro телефонот на различните пазари, што е јасен знак дека овој модел ќе биде достапен и на глобално ниво. Сега извршниот директор на компанијата за Индија и Европа, Мадхав Шетим истакна дека Realme X7 и X7 Pro ќе пристигнат во Индија и веројатно на другите глобални пазари.
Покрај тоа, тој навести и дека двата смартфона ќе ги покренуваат MediaTek Dimensity чипсети, што во текот на најголем дел од 2020. година биле ексклузивни за пазарот на Кина. Realme X7 го покренува Dimensity 800U 5G чипсет од средниот сегмент, додека Pro варијантата користи Dimensity 1000+ чип од горниот сегмент.
Двата телефона има 64MP главна камера, со 8MP ултраширок сензор и два 2MP сензори. Телефоните, исто така, ги напојува и батерија со поддршка за 65W полнење.
Realme X7 Pro користи 120Hz AMOLED дисплеј, додека стандардниот Realme X7 има 60Hz AMOLED панел.
Поврзани артикли