Научниците од британскиот универзитет Оксфорд развија брз тест за Ковид-19, што може да го идентификува коронавирусот за само пет минути. Тестот би можел да се користи за масовни тестирања на аеродромите и во компаниите.
Универзитетот се надева дека на почетокот на 2021. година би можеле да почнат тестирањата, а одобрението шест месеци подоцна. Со тестот би можел да се детектира коронавирус и да го разликува од другите вируси со прилична сигурност, велат експертите.
„Нашиот метод брзо ги открива недопрените делови од вируост“, истакна професорот Ахил Капандис од катедрата за физика. Додаде дека тестот ќе биде едноставен, исклучително брзо и достапен.
Брзите тестови на антитела се клучни за масовното тестирање и повторно отворање на економијата во време кога вирусот се уште слободно циркулира. Оние кои веќе се користат се побрзи и поевтини, но и помалку сигурни од постоечките молекуларни PCR тестови.
Siemens Healthineers објави дека во Европа почнува со новиот тест на антитела, но предупреди дека производителите тешко можат да ја задоволат понудата.
Иако тестот на Оксфорд ќе биде достапен дури следната недела, би можел навреме, пред иднината зима, да помогне во сузбивање на епидемијата. Здравствените власти предупредија дека луѓето ќе мораат да живеат со коронавирусот дури и кога ќе биде пронајдена вакцина.
„Претстојните зимски месеци ќе бидат предизвик, поради тоа што не знаеме кој е ефектот на SARS-CoV-2 во комбинација со останатите сезонски респираторни болести“, истакна др. Никол Роб од медицинскиот факултет Варвик.
„Покажавме дека нашиот тест може сигурно да ги разликува различните вируси во клинички примероци, што е клучна работа во следната фаза на пандемијата“, додаде таа.