Се расипа системот „Електрон-ВМ“, кој го снабдува со кислород екипажот на Меѓународната вселенска станица, изјави руски космонаут.
Тој известил за дефектот во рускиот Центар за контрола на летот. Подоцна, Центарот за контрола на летот информирал дека не е потребно да се преземаат мерки, пренесува „Тасс“.
„Утре ќе се справиме со ситуацијата“, велат од Центарот за контрола на летот.
Системот за снабдување со кислород „Електрон-ВМ“, развиен од Рускиот институт за истражување и дизајн на хемиско инженерство (NIIChimMash), работи на Меѓународната вселенската станица уште од нејзиното создавање.
Системот може да генерира од 25 до 160 литри кислород на час и дополнително од 50 до 320 литри водород на час. Во април 2010 година на екипажот му беа потребни неколку дена да го поправи расипаниот систем.
Меѓународната вселенската станица има на располагање резерви кислород, а американскиот модул „Мир“ има своја опрема за генерирање кислород.