Компанијата OnePlus официјално го претстави својот најнов премиум телефон – OnePlus 8T, што пристигнува со неколку поголеми надградби.
Една од главните карактеристики на OnePlus 8T теелфонот е поддршката за новиот
Warp Charge 65, кој што ја полни батеријата до врв за 39 минути. Батеријата има капацитет од 4500mAh, а 12-те сензори за температура обезбедуваат безбедна работа. Полначот има USB-C порт, а покрај Warp Charge го поддржува и USB Power Delivery стандард до 45W, па брзо може да се полнат и лаптоп, Nintendo Switch или некој друг уред.
Другата голема измена на смартфонот е екранот, кој сега пристигнува со стапка на освежување од 120Hz како кај OnePlus 8 Pro моделот. Панелот и натаму е 6,55-инчен AMOLED со 1080p+ резолуција. Екранот има прецизен приказ на бои и максимално осветлување до 1000 нита (со новиот AI што флуидно врши подесувања помеѓу 8192 нивоа на осветлување).
Ова и првиот OnePlus телефон кој има Always On Display режим, а комопанијата инсталираше 11 различни дизајни за овој дисплеј. За дополнителни прилагодувања, AI алгоритамот ќе ги избере најдобрите портрет снимки од Gallery и ќе ги понуди како Always On Display позадина.
OnePlus 8T го покренува Snapdragon 865 чипсет, што овозможува побрзо вчитување благодарение на надградбата на UFS 3.1 складирање. Тука се и капацитетите од 128GB и 256GB, како и 8GB и 12GB RAM меморија. Оперативниот систем од самиот старт е Android 11.
Кога се во прашање камерите, смартфонот пристигнува со 48MP IMX586 главен сензор, 16MP ултраширока камера, како и 5MP макро и 2MP сензор за длабочина. Видео камерата добива сопствен Портрет мод, а благодарение на AI алгоритмот може да детектира луѓе и да ја заматува позадината зад нив. Преработен е и Nightscape режимот за производство на поживописни бои и почисти детали.
OnePlus 8T ќе биде достапен во Aquamarine Green и Lunar Silver бои, а најпрвин ќе се појави на пазарот во Индија. Во Европа телефонот пристигнува од 20. октомври, по цена од 600 евра за 8/128 GB модел и 700 евра за 12/256 GB верзија.