Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави регистрација на втората руска вакцина против коронавирусот и скорашна регистрација на трета.
„Би сакал да почнам со добрата вест дека Новосибирскиот центар Вектор регистрираше уште една руска вакцина против коронавирусот, ЭпиВакКорона“, изјави рускиот претседател на состанокот со членовите на Владата.
„Колку што знам, имаме и трет кандидат, вакцина од Центарот Чумаков при Руската академија на науките“, рече Путин.
Државниот истражувачки центар за вируси и биотехнологија Вектор при Сојузната служба за надзор на правата на потрошувачите и човечката благосостојба го овласти руското Министерство за здравство на 24 јули да спроведе клинички испитувања на својата вакцина врз волонтери.
Вакцината беше официјално лиценцирана на 30 септември.
Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имуни и биолошки производи Чумаков од Руската академија на науките на 19 октомври ќе почне клинички испитувања на вакцината против COVID-19 во Киров и Санкт Петербург.
На 11. август Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот, наречена Спутник V.
Поврзани артикли