Вирусот опстанува многу подолго отколку грипот, но со примената на две мерки тоа може да се промени.
Коронавирусот може да преживее на човечката кожа до девет часа, покажа најновото лабораториско истражување. Опстанокот на Ковид-19 на човечката кожа е четири пати посупериорно во однос на грипот кој што се задржува помалку од два часа на човечката кожа.
„Изработивме модел кој што овозможува безбедна репродукција на клиничките истражувања за примената на патогенот на човечката кожа, а кој што откри колку Ковид-19 е стабилен“ – велат авторите на истражувањето.
Научниците од Универзитетот во Кјото во Јапонија добиле форензички примероци од човечка кожа за да избегнат заразување на здравите доброволци. Потоа клетките од кожата ги помешале со примероци од Ковид-19 и со вирусот од типот А кој што исто така се шири по пат на респираторни капки и човечки контакт. Резултатите покажале дека вирусот преживеал 1.8 часа, а коронавирусот дури 9 часа.
Кога помешале слуз со примероци од горните дишни патишта, коронавирусот опстанал 11 часа во споредба со 1.69 часа – колку што преживеал грипот.
И двата вируса во рок од 15 секунди биле во целост деактивирани со дезинфекциско средство за раце кое што содржело 80 отсто алкохол.
Моментално, центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат употреба на дезинфекциско средство за раце на база на алкохол со јачина од 60 до 95 отсто.
Поврзани артикли