Добитници на годинешната Нобелова награда за физика се математичарот Роџер Пенроус, астрофизичарот Рајнхард Генцл и астрономот Андреа Гез, објави Нобеловиот комитет.
Британецот Роџер Пенроус беше награден за откривање дека создавањето црни дупки е силно предвидување на општата теорија на релативитет.
Германецот Рајнхард Генцл и Американецот Андреа Гез беа наградени за откривање на супермасивен компактен објект во центарот на нашата галаксија.
Имињата на победниците ги објави генералниот секретар на Кралската шведска академија на науките, Јурен К. Хансон.
Престижната награда доаѓа со златен медал и парична награда од 10 милиони шведски круни (повеќе од 1,1 милион долари), благодарение на наследството што го остави пред 124 години творецот на наградата, шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел.
Сумата неодамна е зголемена за да се прилагоди на инфлацијата.