Секој ден на интернет се појавуваат некои интересни вести, чиј успех ги засенува и оние многу поголеми и поважни. Овој пат, информацијата ни доаша од дизајнер, кој со својот пакет икони за iPhone уредите успеал да заработи преку 70.000 фунти, односно околу 100.000 долари.
Сега веќе популарниот дизајнер, заработи за помалку од една недела околу 77.000 фунти, по објавување на твит со кој ја претстави своојата колекција на икони за iPhone апликациите. Творецот на икони, познат како Траф вели дека произвел вистинска содржина во вистинско време, а тоа го потврди и YouTube ѕвездата Маркус Браунли. Траф го забележа трендот дека луѓето ги споделуваат своите новоприлагодени почетни екрани, со визуелно ускалдени икони и виџети, и сакаше да придонесе со својата идеја.
Сето ова не би било воопшто необично за корисниците на Android паметните телефони, бидејќи Apple се досега никогаш официјално не им дозволуваше на своите корисници да ги прилагодуваат iPhone уредите на ваков начин. Дури по лансирањето на iOS 14 системот во септември, корисниците открија заобиколна постапка што им овозможи во целост да ги редизајнираат своите почетни екрани, менувајќи ги иконите на апликациите во она што име се допаѓа.
Реакциите на луѓето го инспирираа Траф на Twitter да ја сподели снимката на својот минималистички монохроматски дизајн. Станувајќи моментален хит меѓу корисниците, Траф брзо реагираше, спакува сет икони и почна да ги продава на App Store. Одлучи комплетот икони да ги наплати 28 долари, и за помалку од една недела, заработи околу 100.000 долари.