Huawei официјално потврди дека на некои телефони што го користат EMUI 11, ќе може да се инсталира и HarmonyOS 2.0. Новата верзија на оперативниот систем на компанијата ќе им се испорачува на програмерите во етапи, а првата бета за телефони се очекува во текот на декември.
Корисникот од Weibo мрежата го истакна видео распоредот од објавата и тој е следниот: телефоните со Kirin 9000 чипсет први го добиваат HarmonyOS 2.0 (тоа е Mate 40 серијата), потоа Kirin 990 5G телефоните (некои P40 и Mate 30 модели), по што доаѓаат Kirin 990 4G (делумно), 985, 820 (делумно), Kirin 980, 990 4G (делумно), 820 и 710.
Објавата на Huawei Mate 40 серијата се очекува кон средината на октомври за пазарот на Кина, додека глобално не се очекува пред 2021. година.