Детскиот едукативен центар за обуки за програмирање – ЕДУФРОНТ ги повикува сите заинтересирани деца од 10 – 14 год. да се приклучат на бесплатните отворени работилницина 8-ми и 9-ти Октомври, овој четврток и петок од 18ч. на Zoom на работилниците за ПрограмИграм со Python и ПрограмИграм со HTML/CSS & JavaScript.
На првата работилница, во четврток, 8-ми Октомври од 18ч. на Zoom децата ќе се запознаат со ПрограмИграм со HTML/CSS & JavaScript каде со игра и интерактивни задачи секој учесник ќе успее да го види процесот на создавање и на своја веб страна. Додека во Петок, на 9ти Октомври од 18ч. работилницата е посветена на програмискиот јазик Python и сите учесници ќе имаат можност да се запознаат кои се можностите за изработка на алгоритми со ПрограмИграм со Python.
Ги охрабруваме сите заинтересирани родители и деца, да се пријават за посета на работилниците и да дознаат повеќе за кариерите кои можат да им го сменат животот на подобро. На овие онлајн настани учениците ќе може да искусат работилница и сегмент од програмскиот јазик кој ќе се изучува, а родителите ќе можат директно да ги добијат информациите кои ги интересираат.
Досега, Едуфронт континуирано допринесува и со бесплатни онлајн сесии со едукатори, психолози и родители. Над 2200 гледачи во живо ја следеа и отворената сесија со Бојана Стојменовиќ од Мој Психолог и Гордана Мишевска, сопственик на Едуфронт каде се водеше разговор за навремена дигитална адаптација на едукаторите, родителите и децата кон новонастанатите предизвици. Ова корисно видео може да го погледнете тука.
ЕДУФРОНТ e едукативен центар за компјутерско образование посветен на поттикнување на способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух и развивање на дигиталната писменост кај децата од најрана училишна возраст.
Иновативните процеси им помагаат на децата да го трансформираат она што го учат во сопствените пронајдоци. За време на програмите, децата се запознаваат со прототипови, дизајнирање, тестирање и итерација, како и сите важни аспекти на процесот на иновации. Наставата ја водат врвни едукатори кои знаењето до учениците го пренесуваат преку напредни методологии на забавен начин.
ПрограмИграм™ e заштитена трговска марка на ЕДУФРОНТ од кои најпознатите и најбараните различни програми за деца од 6 до 14 години се за ПрограмИграм Мини во Scratch Jr., ПрограмИграм во Scratch, ПрограмИграм во HTML/CSS/JS и Програмирам во Python.
Прва програма е „ПрограмИграм во Scratch“ со која се изучува програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма „Creative Computing Curriculum“.
Наставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Taa e збирка на идеи, стратегии и активности за воведно искуство во креативна работа со компјутери користејќи го програмскиот јазик Scratch. Обуката е наменета за деца од 8 до 12 години.
Во обуката „ПрограмИграм во Python“ се изучува програмскиот јазик Python преку користење на иновативни методи. Овaa обука ќе им обезбеди на учениците забавен начин да научат вештини за кодирање. Концептите се објаснети на толку едноставен начин, што секој може да научи да кодира. На крајот на обуката, учениците ќе можат да прават едноставни пресметки, да прават списоци и да научат како програмирањето може да се стави во практична употреба. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.
Во обуката „ПрограмИграм во HTML/CSS/JS“ се изучуваат скрипт јазиците HTML, CSS и програмскиот јазик JS преку користење на едукативната платформа codemoji.com. Секое дете ќе има пристап до платформата codemoji.com и активностите на неа преку свој кориснички профил. Со оваа обука децата ќе ги усвојат основите на изработка на скрипти во HTML и CSS преку интересен и лесно разбирлив метод, ќе ги комбинираат знаењата од HTML и CSS и примена на двата јазици за да се создаде стилизирана веб страница. Исто така ќе ги усвојат основите на програмирањето во JS и ќе знаат да изработат игра и апликација со сите научени скрипти и јазици. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.
Групите на ученици за секоја обука се состојат од 6 до 8 деца. Часовите се оддржуваат онлајн, со користење на платформата Zoom за комуникација и присуство на наставник којшто го води часот и ја следи работата на учениците.
Повеќе информации на www.edufront.mk