Сите некогаш сакаме да погледнеме некој спектакуларен огномет, но ниту еден огномет кој што се случува на Земјата не може да се спореди со „вселенскиот огномет“.
Но, NASA секогаш се грижи таквите огномети кои што се случуваат во вселената освен астрономите да можат да ги видат и сите луѓе на светот.
Човештвото моментално има доволно технологија која што е насочена кон вселенското пространство, што доколку таму се случи нешто големо и спектакуларно, астрономите тоа веднаш ќе го забележат.
Особено убаво е кога таквото вселенско чудо можеме да го набљудуваме и ние, а тука токму станува збор за еден таков настан кој што уште во 2018-та година почнале да го следат со вселенскиот телескот „Hubble“.
Во 2018. година Hubble забележал вселенска експлозија оддалечена 70 милиони светлосни години од Земјата, а по повеќе години набљудување на тој дел од вселената, NASA се потрудила јавноста да може да го види тоа во видео.
Станува збор за експлозија на ѕвезда, односно супернова во галаксијата NGC 2525, која што уште во далечната 1791 година ја открилВилијам Хершел.
Но, тоа не било никаква експлозија на ѕвезда, затоа што тој настан кој што е наречен „SN2018gv“ бил всушност експлозија на супернова од типот „ла“, односно производ на „бело џуџе“ кое што привлекло толку многу материи од соседните ѕвезди што ја надминало својата критична маса и експлодирало. Тој вид супернова создава и суперсјајно светло, 5 милиони пати посјајно од Сончевото.
Исто така во 2011. година, професорот Адам Реис од Универзитетот Џонс Хопкинс, добил Нобелова награда за физика затоа што по пат на„ла“ супернова успеал да докаже дека ширењето на вселената се забрзува.
Тој, освен што внел револуција во космологијата, неговото откритие може да го објасни и присуството на темната енергија.
„Не постои огномет на Земјата кој што може да се спореди со оваа супернова, која што за време на нејзината „слава“ ја улови Hubble” – изјавил за медиумите Реис.
Извор: Zimo.hr