Оригиналниот Galaxy Fold не беше познат по својата издржливост. Samsung ја одложуваше објавата на неколку месеци, а дури и по објавата беа забележани проблеми со издржливоста на дисплејот и целосниот дизајн. Една година подоцна, го имаме унапредениот Galaxy Z Fold2, кој е и поиздржлив.
Зак од популарниот YouTube каналот JerryRigEverything на својот неофицијален тест на издржливост го имаше Galaxy Z Fold2. Надворешниот дисплеј на уредот прилично добро им се спротивставува на гребнатините, па на Мосовата скала се гребе на шестото ниво, за што е заслужна Gorilla Glass Victus заштитата. Меѓутоа, кога е во прашање внатрешниот екран, гребнатините се видливи уште од второто ниво и лесно може да се изгребе со нокти.
Најголемо подобрување телефонот доби во сегментот на шарките, кои сега подобро ги блокираат честичките на прашина, за да се осигура механизмот на свиткување да не биде компромитиран. Покрај тоа, новата шарка е и исклучително издржлива, бидејќи Fold 2 не пукна под притисокот на свиткување со рацете.
На крајот, изгледа дека Samsung успеал да открие начин како да креира издржлива шарка за флексибилни уреди, а на компанијата сега и преостанува да креира и поиздржлив дисплеј на преклоп.