Руските стручњаци работат на беспилотно летало наоружано со пламенофрлач.
Како што се наведува, заменик-генералниот директор за специјални проекти на претпријатието „Ростех – сигурни платформи – роботички системи“ Максим Скоков истакна дека соодветни проекти веќе се развиваат за единиците за Радиолошко-биолошко-хемиска заштита.
„Ги покажавме можностите за користење стандардни пламенофрлачи од беспилотни летала. Врз основа на резултатите од тестирањето почната е опитно-конструкторска работа“, наведе Скоков.
Како што се истакнува, технологијата е разработувана во соработка со специјалните сили. Дронот со пламенофрлач се покажа како ни најмалку лесна цел, бидејќи многу тешко може да се собори без соодветна подготовка.
Извор: Russia Beyond