Децата имаат 44 отсто помали шанси да се заразат со коронавирус од возрасните, покажало истражувањето кое било спроведено од тим научници предводени од претседателот на Британскиот кралски колеџ за педијатрија и здравје на децата.
Тимот научници извршиле преглед и анализа на 32 студии и откриле дека децата и адолесценттие помлади од 20 години имаат 44 отсто помали шанси да развијат секундарна инфекција со SARS-CoV-2 отколку луѓето постари од 20 години, пренесува „Ројтерс“.
Студијата наведува дека постојат прелиминарни докази дека децата на возраст од 10-14 години имаат помали шанси да се заразат со SARS-CoV-2, како и тоа дека адолесцентите се чини дека се приближно подложни како возрасните.
Поврзани артикли