Клучен се покажа протеинот интерферон тип I, што го спречува ширењето на инфекцијата во телото, а кои кај некои не функционира како што би требало.
Научниците веќе со месеци пробуваат да го разберат коронавирусот и болеста Ковид-19, но и зашто заразата со вирусот е толку опасна за некои луѓе, додека за други е на нивото на сезонски грип.
Иако на почетокот се мислеше дека постарите луѓе се почувствителни, како што напредуваше пандемијата се покажа дека и здравите, млади луѓе на врвот на силата можат за само неколку дена да починат од компликациите поврзани со вирусот.
Двете нови студии објавени во магазинот Science, се чини, даваат одговор на тоа клучно прашања и така ја надополнуваат научната сложувалка. Имено, го идентификувале круцијалниот механизам во имунолошкиот систем што би требало да објасни зошто Ковид-19 е смртоносен за некои луѓе, но и зошто мажите се попогодени од жените.
Двете студии го истакнуваат интерферон тип I (IFN) како клучен во начинот на кој инфекцијата со корона ќе заврши за некое лице. IFN се протеини кои ги произведуваат заразените станици за да го сопрат ширењето на инфекцијата. Но, студиите откриле како производството на тие протеини кај некои луѓе е прекинато.
Во едната студија е откриено дека повеќе од 10 проценти од заразените луѓе кои заболеле од тежок облик на Ковид-19, во своето тело имаат антитела што ги напаѓаат сопствените IFN и така ги оневозможуваат во борбата против коронавируост. Другата студија откри дека некои луѓе во себе носат генетска мутација, која го оневозможува правилното функционирање на IFN.
„Овие откритија даваат несоборливи докази дека попречувањето на функционирањето на интерферон тип I е клучно за развојот на болеста Ковид-19“, истакна докторот Жан-Лорен Казанова од Универзитетот Рокфелер, но и додаде дека постојат лекови со кои тоа би можело да се реши.
Голем меѓународен тим на научници кој соработуваше со Казанова, помогна во идентификација на антителата што ги неутрализираат IFN протеините во барем 101 од 987 пациенти заболени од Ковид-19.
„Интересно, дури 94 проценти од пациентите со овие неутрализирачки антитела се мажи, што би можело да објасни зошто мажите се поподложни на потешки облици на Ковид-19“, појасни Стјуарт Тангие.
Во втората студија, научниците открија гени за интерферонските протеини, што сами работат против пациентот кој ги произведува. Споредувајќи ги гените на лицата кои развиле благ облик на Ковид-19 со оние кои имале тежок облик, научниците открија 13 абнормалности во генетскиот код на IFN, клучни за борбата против грипот.
Овие мутации најнапред влијаат на губењето на основната функција (сопирање на ширењето на заразата), што би можело да им помогне на докторите да ги детектираат пациентите, кои би биле позагрозени доколку развијат Ковид-19.
„Начинот на кој SARS-CoV-2 влијае на луѓето збунува. За некои вирусот предизвикува инфекција без симптоми и тивко исчезнува, а други може да ги убие за неколку дена“, предупредува генетичарот Џон Кристодуло од истражувачкиот институт за децата Мурдок во Австралија.
Извор: Science Аlert