Научници од Универзитетот „Ратгерс“, преку нивната најнова студија, потврдија дека 5G-мрежата влијае на атмосферата. Тие велат дека таа може да доведе до погрешни временски прогнози, што би можело да доведе до катастрофални последици во иднина.
Истражувањето кое овој месец било рецензирано и доставено до Светскиот форум IEEE 5G 2020, требало да го проучи влијанието на 5G-мрежата, феномен кога зрачењето од предавателите случајно се емитува во соседните фреквентни канали.
5G фреквенциите можат потенцијално да навлезат во просторот на временски сензори на набљудувачките сателити, кои ја мерат количината на водена пареа во атмосферата.
Тоа може да предизвика добивање на погрешни податоците на метеоролозите, се вели во студијата.
Истражувачкиот тим користел модел за да измери како тоа влијае на точноста на временските предвидувања во однос на познатото „торнадо во супер вторник“, кое се случи во 2008 година. Ова торнадо однесе повеќе од 50.000 луѓе на југот во САД.
Истражувањето покажало дека 5Г-мрежата, влијаела на прецизноста на предвидувањето на врнежите за време на торнадо до 0,9 милиметри и на точноста на предвидувањето на температурата во близина на нивото на земјата, до 1,3 степени Целзиусови.
Според главниот автор на студијата, професорот Нарајан Мандајам, важноста на ова откритие зависи од нашето мислење за 5G-мрежата.
„Може да се тврди дека повеќето грешки пронајдени во нашата студија се безначајни или значајни, во зависност од тоа дали ја претставувате 5G- мрежата или метеоролошката заедница“, изјавил научникот.
Тој додал дека една од работите кои тимот ја открил била дека ако протекувањето на 5G-мрежата биде на ниво кое ја преферира 5G-заедницата, мора да се работи на подетални модели, на антенската технологија и подобрување на алгоритмите за прогноза на времето, кои мора да го земат во предвид протекувањето на 5G-мрежата.