Иако научниците откриле мутација во коронавирусот, истакнуваат дека тоа не значи дека станува посмртоносен.
Коронавирусот што моментно владее со светот, не е оној ист вирус што тргна од кинескиот Вухан кон крајот на минатата година. Студијата која ја спроведоа научниците од болницата Хјустон Методист показа дека новите верзии на вирусот се многу позаразни од оригиналната.
Како што јавува Ројтерс, во рамките на истражувањето анализирани се повеќе од 5000 геноми од вирусот, што бил собран во раната фаза на пандемијата во Хјустон, во текот на актуелниот бран на инфекцијата.
Студијата што се уште не е ревидирана, откри дека речиси сите примероци собрани во вториот бран имаат мутација, позната како D614G, која резултира со поголем број „шилци“ на вирусот. Поголемиот број „шилци“ го олеснува инфицирањето на клетките.
Научниците предупредуваат дека пациентите со мутираниот вирус имале значително поголема количина вируси во своите тела во однос на пациентите во првиот бран. Но, тоа не значи дека вирусот е поопасен. Студијата не покажа дека новата, мутирана верзија на вирусот влијае на поголема смртност на пациентите.
Што тогаш значат тие мутации? Научниците истакнуваат дека мутациите во вирусот се очекувани и покажуваат дека вирусот се прилагодува на човековото тело и „учи“ како да го избегне имуниот систем
Да потсетиме, и други научници ширум светот предупредија на мутираните вируси што се позаразни, но не и нужно посмртоносни.
Исто така, истакнуваат дека мутациите не би требало да влијаат на ефикасноста на вакцината, кога еднаш ќе стане достапна.
Поврзани артикли