Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека Меѓународната вселенска станица превентивно извела маневар со цел да биде избегнат судир во моментите кога во близина поминал вселенски отпад.
Американските и руските астронаути нешто пред полноќ извеле маневар во траење од 150 секунди, соопштија од НАСА и притоа додадоа дека ниту еден член на екипажот на Меѓународната вселенска станица не бил во опасност.
Од Американската вселенска агенција објавија дека „доцното известување“ за отпадот во близина на станицата го натерала екипажот сочинет од еден Американец и двајца Руси, да се засолнат во рускиот сектор на станицата за да бидат поблиску до ракетата „Сојуз“.
„Со маневар е подигната орбитата на станицата над очекуваната траекторија на движење на отпадот кој било проценето дека ќе биде на оддалеченост од 1,39 километри од станицата нешто по полноќ“, соопштија од „НАСА“.
„Екипажот на Меѓународната вселенска станица продолжи со своите редовни активности“, соопштија од НАСА.
Минатата седмица од Руската вселенска агенција соопштија дека е воочено протекување на воздух од Меѓународната вселенска станица.
Извор: Jutarnji.hr