Недолго по објавата на Android 11 верзијата на телефони, Google го објави Android 11 за ТВ уредите. Многу од Android 11 карактеристиките од мобилната верзија се пренесени и на верзијата за паметните телевизори, заедно со функциите што се посебно креирани за ТВ.
Google истакна неколку суштински Android 11 функции, како што се подобрување на перформансите што се однесуваат на управувањето со меморијата. Приватноста е исто така во голем фокус, а еднократните дозволи сега пристигнуваат и на Android 11 за TV. Имплементиран е и framework за физичко копче за стивнување на микрофонот.
Кога се во прашање подобрувањата за мултимедија, Google го имплементираше Auto Low Latency Mode и медиа декодирањето на ниска латенција. Tuner Framework, со ажуриран media CAS и екстензиите за HAL имплементација, се исто така новитети во платформата.
Уште едно од битните подобрувања е сеопфатната поддршка за gamepad контролерите, што е од големо значење за оние кои имаат претплата на Google Stadia платформата.
Google истакна дека соработува со производителите на телевизори, за Android 11 да им го испорача на корисниците во следните месеци.