Креирањето на силни и единствени лозинки за онлајн профилите заморува многу корисници, па токму поради тоа се свртуваат кон генераторите на лозинки.
Така оние кои го користат Chrome како главен прегледник веќе можеа да го видат pop-up известувањето „use suggested password“ кога ќе креираат некој нов профил, бидејќи Google го вгради генераторот директно во прегледникот. Microsoft тестира слична опција за Edge и оние кои на своите уреди имаат Microsoft Edge Dev and Canary веќе можат да ја тестираат опцијата „Suggest strong passwords“, за брзо да креираат стабилна лозинка за некој од новите профили.
За да се активира оваа функција потребно е да се оди во Settings, да се кликне на Profiles, па на Passwords табот. Во менито ќе се појави „Suggest strong passwords”, а кога ќе се активира корисниците ќе добиваат предлози секој пат кога прегледникот ќе детектира поле за внесување на лозинката. Оние кои веќе користат некој password manager веројатно немаат пролеми со смилсување на силни лозинки, но генераторот секако е добар потсетник за оние кои не водат доволоно сметка за безбедноста на своите профили.
Поврзани артикли