Американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да преземе радикален потег против кинеските апликации.
Министерството за трговија на САД објави дека од недела ќе ги забрани бизнис-трансакциите помеѓу САД и апликациите TikTok и WeChat.
Ова значи дека, почнувајќи од задутре, ќе биде невозможно да се преземат тие апликации на територијата на САД.
Наскоро ќе се открие дали американскиот Oracle ќе преземе дел од бизнисот на TikTok во таа земја и не е јасно дали оваа објава на американското Министерство за трговија значи дека Трамп нема да објави што се случува на релацијата Оракл-ТикТок до недела.
„Под упатства на претседателот, презедовме значителни чекори за борба против кинеската злоупотреба на податоците на американските граѓани“, рече државниот секретар Вилбур Рос.