Додека Јупитер и се приближува на Земјата, вселенскиот телескоп Хабл направи нови фотографии со висока резолуција на најголемата планета во Сончевиот систем.
Американската вселенска агенција НАСА објави нови фотографии од Јупитер, на кои се гледа планетата и нејзината ледена месечина Европа. Фотографиите настанаа на 25. август кога планетата беше оддалечена 656 милиони километри од Земјата.
На фотографиите се гледа бела бура во атмосферата на Јупитер, што се појавила на 18. август и се движи со брзина од 560 км/ч. Подоцна се откриени уште две бури со помош на телескоп на Земјата.
Највоочлива е бурата наречена Great Red Spot, која континуирано се намалува од триесеттите години минатиот век, а причината за ова се уште не е објаснета.
Новите фотографии настанале во рамките на годишниот проект на мапирање. Телескопот Хабл е лансиран во ниската орбита на Земјата во 1990. година и претставува заеднички проект на НАСА и Европската вселенска агенција (EPA).
Поврзани артикли