Станбените згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите, се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на становите избегнуваат да живеат во нив поради наплив од комарци.
Блокот е изграден 2018 година во Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан. Според интернет-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана ставени на продажба, истата година многу брзо нашле купувачи.
Сепак, според тамошните медиуми, само десетина семејства се преселиле во зградите.
Поради тоа што нема станари, вегетацијата на терасите и фасадите, изгледа е и премногу бујна, па и запуштена. Тоа пак, привлекува голем број комарци, коишто исто така сакаат зеленило.