Производителот на компјутерска опрема наменета за гејминг, Razer беше мета на напад во кој се украдени податоци на најмалку 100.000 корисници на нивната опрема.
Имено, до протекување на податоците дошло кога нивната онлајн продавница била хакирана.
Погрешната конфигурација на сервери доведе до насилно преземање на информациите како што се бројот на телефонот, мејл адресата, адресата на живеење, сметката и деталите околу набавката, како името и презимто на сите купувачи.
I must say I really enjoyed my conversations with different reps of @Razer support team via email for the last couple of week, but it did not bring us closer to securing the data breach in their systems. pic.twitter.com/Z6YZ5wvejl
— Bob Diachenko (@MayhemDayOne) September 1, 2020
Истражувачот за безбедност, Боб Дијаченко ја откри грешката во серверот на Razer, до која секој имал пристап. Тој пробувал да ја предупреди оваа компанија, но безуспешно: „Мојата порака никогаш не стигна до вистинските луѓе во компанијата, таа запна кај корисничката поддршка, која не се разбира во технологијата и таму беше три недели, се додека серверите не биле заштитени од јавниот пристао до информациите на корисникот на оваа компанија.
Ако сте купиле некој уред од Razer преку нивната интернет страница, во временскиот интервал од 18. август до 9. септември, постои можност вашите лични податоци да се откриени. Сајберкриминалците можат да ги искористат личните податоци, доколку стигнале до нив, а никој не може да потврди дека не е така.