Судејќи според се, чекањето продолжува. Дојавувач тврди дека Nokia 7.3 пристигнува подоцна во текот на овој месец и дека најверојатно тогаш нема да го видиме Nokia 9.3 моделот, што ќе биде претставен кон крајот на годината.
Како доказ за тие тврдења, дојавувачот укажува на тоа дека Nokia 7.2 (објавен во септември минатата година), повеќе не е во производство. Исто така, на тоа укажуваат и Nokia продавниците на големите пазари, каде што телефонот повеќе не е во понудата.
Nokia 7.3 би требало да биде претставен на 22. септември, а со овој телефон би можеле да ги видиме и Nokia 6.3, 3.4 i 2.4 моделите.