Компанијата Aston Martin во соработка со Curv Racing Simulators го разви тркачкиот симулатор AMR-C01.
Се работи за врвен симулатор кој во Велика Британија чини 57.500 фунти без данок. Компаниите што го развиле тврдат дека се работи за врвен луксузен куќен симулатор, кој го сочинува карбоснки монокок, а позицијата на корисникот е иста како позицијата на возачот во хиперавтомобилот Valkyrie.
Ригот на сумулаторот е рачно склопен со користење на најдобриот хардвер, а базиран е на софтверот на играта Assetto Corsa, за да понуди врвно искуство на тркање.
Симулаторот има некои дизајнерски карактеристики од автомобилите на Aston Martin, а во понудата ќе бидат неколку варијанти кога станува збор за изгледот.
Поврзани артикли