8K резолуцијата е ретка и на Земјата, но тоа не ја спречува Japan Aerospace Exploration Agency и нивниот broadcaster NHK да развиваат 4K и 8K камери, што ќе ги испратат на Марс и неговите месечини. Целта е со нив да се фотографираат пределите на Mars, Фобос и Деимос, во текот на следната Marian Moons Exploration (MMX) мисија. Со оглед на тоа дека се работи за фотографии со висока резолуција, идејата е само некои од нив да се испратат на Земјата, а да се чуваат локално и да се испратат назад на Земјата во повратна капсула.

Овие фотографии, исто така, ќе помогнат при контрола на модулите, бидејќи во комбинмација со аналитичките податоци ќе дадат многу подетална слика на движењето. MMX мисијата е планирана за 2024. година, а се очекува дека Марс ќе слета во текот на 2025. година. Ќе помине уште толку време додека капсулата од фотографиите да се врати на Земјата.

Сепак, научниците сметаат дека вреди толку да се чека. MMX нема да прикаже само детални фотографии од површината на Марс и над неа, туку ќе собере и материјали од Фобос. Тоа на научниците ќе им овозможи најдетален увид досега на сегашноста и минатото на Марс, додека NHK медиумскиот гигант ќе има 8K фотографии, што ниту еден друг ТВ провајдер нема да може да си ги дозволи.