Women in Tech е меѓународна непрофитна организација со двојна мисија: да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените полесно да се вклучат во технологијата. Организацијата се фокусира на 4 основни области кои се повик за акција: образование, претприемништво, настани и истражувања.
Целта на организацијата е да се едуцираат, охрабрат и оспособат жените и девојчињата со потребните вештини за успешна кариера во областа на ИКТ и СТЕМ.
Овојпат Women In Tech Global и Women In Tech Македонија ве повикуваат да се приклучите и да станете дел од нивната програма, Women In Tech Youth Ambassadors, наменета за млади девојки од 16 до 21 година.
Нееднаквоста на работното место започнува со нееднаквоста во училницата. Истражувањата покажуваат дека родовиот стереотип почнува уште со бирање на предмети, како што е математиката, и има директна врска со фактот дека помалку девојчиња ги избираат овие предмети во своето понатамошно образование. Со ова се намалува веројатноста девојките да се насочат кон области кои ги изучуваат овие предмети.
Women In Tech Youth иницијативата е наменета да им даде простор на младите девојки да ја подигнат свеста за овој проблем, да влијаат на истиот и да придонесат кон надминување на родовиот јас во ИТ секторот.
Ако сакате да станете Youth Ambassador, да соработувате со девојки од целиот свет и заедно да создадете поинклузивна средина, овој повик е за вас.
Пријавете се така што ќе ја пополните формата на следниот линк.
За повеќе информации следете ги Women In Tech Macedonia на Facebook, Instagram и LinkedIn.
Поврзани артикли