Motorola официјално го претстави својот нов телефон од средниот сегмент – Moto G9 Plus, кој традиционално дебитираше на пазарот на Бразил.
Moto G9 Plus користи голем екран од 6,81 инчи, со FHD+ резолуција, HDR10 поддршка и 20:9 однос на страници. Уредот стигнува со сега веќе стандардниот punch-hole отвор, во кој е сместена предна камера од 16MP.
На задната страна, G9 Plus има правоаголен систем на камери, каде што се сместени 64MP (f/1.7) главен сензор, 8MP (f/2.2) ултраширок сензор и два 2MP senzora за макро и длабочинско фотографирање.
Целиот систем го покренува осмојадрен Snapdragon 730G чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 128GB простор за складирање, што може да се прошири преку microSD картичка.
Уредот го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 30W брзо полнење. Оперативниот систем од самиот старт е Android 10, а телефонот има 3,5 мм приклучок, додека сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамката.
Moto G9 Plus ќе се продава во Бразил по цена од околу 470 долари, додека достапноста на останатите пазари засега не е најавена.