Министерството за туризам во Египет потврди дека биле откриени 13 древни недопрени ковчези во пустинската некропола Сакари.
Гробницата била откриена околу 11 метри под земјата, а истата докажала дека ковчезите се стари најмалку 2.500 години. Запечатени биле уште откако биле ставени под земјата, а веројатно има уште такви.
Саркофазите се во добра состојба и сочувани, а некои од нив дури имаат и оригинална боја на дрво.
Според зборовите на министерот за туризамКаледа ал Анани, исто така пронајдени се три запечатени саркофази, а се очекува дека веројатно ќе има уште такви откритија во таа гробница во текот на наредните месеци.
Со оглед на неверојатната состојба на гробницата, археолозите очекуваат да се пронајде и некакво скриено богатство во неа.
Било кој предмет пронајден внатре, ќе го расветли нивниот статус, богатство и влијание, но засега идентитетот на мртвите останува мистерија.
Инаку, египетската влада дозволи пристап кон музеите и културните знаменитости на 1 Септември.