Високо над Земјата, се одвивал експеримент кој што ги изненадил научниците и микробиолозите.
Научниците кои што оставиле вид бактерија од надворешната страна на Меѓународната вселенска станица, утврдиле дека истата преживеала дури три години – и тоа на отворена вселена.
Високо над Земјата, се одвивал експеримент кој што ги изненадил научниците и микробиолозите.
Во тој експеримент, кој што го водел тим на јапонски истражувачи, учествувала бактеријата Deinococcus radiodurans, која што е крајно тврда.
Експертите велат дека истражувањето би можело да помогне во обликување на нашите размислувања дали постои живот на другите планети.
„Ова е јапонски експеримент на мисијата „Tanpopo“, а примерокот беше прицврстен на надворешната страна од Меѓународната вселенска станица, односно видот на бактеријата беше изложен на вакуум во вселената и восхитувачки е како бактеријата преживеала“ – тврди професорот Левис Дартнел.
Бактеријата е отпорна на зрачење и може да се „снајде“ во сурови пустински околности на Земјата, но да преживее три години во вселената навистина е изненадувачки.
„Тоа не значи дека животот на Земјата е „испорачан“ од вселената. Но, сите овие експерименти покажуваат дека тоа не е невозможно. Тие, т.н. екстремофили би можеле да ни помогнат во обликување на нашето размислување, дали постои живот на другите планети“ – заклучил Дартнел, пренесува BBC.