Објавен е најновиот тримесечен извештај на аналитичката компанија Strategy Analytics, што дава подобар увид во тоа како се движел пазарот на паметни телефони оваа година и што можеме да очекуваме во следниот период. Главниот заклучок на извештајот е дека пазарот се опоравува побрзо од што се очекуваше, па наместо претходно прогнозираниот пад на глобалната продажба на смартфони од 15,6%, пазарот ќе претрпи пад од околу 11 проценти. Американскиот, европскиот и индискиот пазар се окарактеризирани како покренувачки фактори.

И покрај падот на вкупната продажба на паметни телефони, Samsung уште еднаш се истакна со солидна испорака пред остатокот на конкуренцијата. Се предвидува дека јужнокорејската компанија ќе ја заврши годината со вкупно 265,5 милиони испорачани уреди, со што ќе има 21% пазарен удел, а потоа следува Huawei со 192,7 милиони испораки. Кинеската компанија малку ќе го надмине Apple, кој ќе испорака 190,1 милиони телефони и ќе заземе 15,3% од пазарот.

За Huawei во текот на 2021. година се очекува нагло опаѓање на продажбата, а во текот на следната година, компанијата се предвидува да испорача само 59 милиони телефони, додека Apple и Samsung ќе го засилат својот пазарен удел. Сепак, продажабата на глобалниот пазар од 2019. година од вкупно 1,41 милијарди испорачани смартфони, ќе биде остварена дури во 2022. година, на што ќе влијае силниот раст на пазарот на 5G и флексибилни уреди.