Facebook ќе соработува со 17 надворешни академски истражувачи на научна студија која има за цел подобро да го разбере влијанието на социјалните платформи Facebook и Instagram врз политичките ставови и однесување на корисниците.
Се очекува во истражувањето да бидат вклучени од 200.000 до 400.000 корисници. Ќе се анализираат промените во искуствата на корисниците со социјалните мрежи, а од нив ќе се бара и да престанат да ги користат мрежите на одреден период.
Медиумите пренесуваат дека некои корисници веќе добиле прашање од компанијата за сумата што би ја прифатиле за да го деактивираат профилот од една до шест недели, почнувајќи од овој месец. Биле понудени три опции: 10 долари неделно, 20 долари неделно и 30 долари неделно.
Резултатите од истражувањето се очекуваат во средината на 2021.