Во Сибир е откриен мистериозен џиновски кратер. Експертите стравуваат дека со топењето на ледот, може да се ослободат опасни вируси кои биле заробени со милениуми, а тоа да донесе и многу древни болести. Во местото Мехур, долго време се собирало големо количество на метан.
Никој не знае колку време и во колкава количина. Со време дошло до топењето на ледот и се случила огромна експлозија, која создала импресивен кратер длабок и до 50 метри.
Оваа џиновска дупка, за првпат е забележана од телевизиски тим, кој летал над тоа подрачје. Според наводите на списанието Siberian Times, научниците за време на нивното истражување, наишле на парчиња лед и карпи, кои биле исфрлени и преку стотина метри од епицентарот.
Научниците почнале со истражување на овој феномен и засега не можат со сигурност да утврдат дали овој понор, настанал како последица на климатските промени. Во 2014 година, нешто слично било забележано на полуостровот Јамал, на северозападот од Русија, по низата на необично топли лета, пишува Sience Alert.
Експертите сметаат дека ваквите џиновски дупки, се резултат на изненадувачкиот колапс на ридови или тундра, кои настануваат со топењето на пермафростот, што пак, предизвикува собирање на метан под површината.
Поради глобалното загревање на Арктикот, забрзано се топи тоа подрачје на вечниот лед. Научниците сметаат дека овој процес влијае на создавање на вакви дупки, но сеуште нема доволно истражвуања кои со сигурност ќе потврдат дека климатските промени се причината за предизвикување на ваквите појави и кратери.
Метанот е 84 пати посилен гас од јаглерод диоксидот, така што со испуштањето на огромните залихи на тој гас, би можело да се започне со неповратен процес, кој може уште повеќе да го забрзи глобалното затоплување.
Анализа на кратерот
Студијата од 2017 година, ги анализирала фотографиите од таквите понори, кои настанале во седумдесетите години од минатиот век и утврдила дека во последните години, тие значително се зголемени, што наведува на тоа дека топењето на пермафростот, барем делумно е причината за овие феномени.
Истата година, во 1970-та, истражувањето открило 7000 гасни меури под полуостровот Јамал, точно на истото место, каде сега се отворил огромната бездна.
Освен што, поради климатските промени во атмосферата би можела да исфрли неверојатна количина од досега зарбоениот метан, научниците се загрижени и поради тоа што, со топењето на пермафростот, би можеле да се ослободат древни болести, за кои речиси и ништо да не знаеме.
Поврзани артикли